
Како беше создаден
BRAINSTER NEXT
Приказна за образованието,
луѓето, упорноста и една наивна идеја.

Brainster NEXT e
Најбрзорастечкиот факултет во регионот и сега поседува 3 акредитирани програми. Оваа година на факултетот ќе студираат вкупно 300 активни студенти, 250 компании партнери за вработување и пракса на нашите студенти и над 40 партнерства со факултети за студентите кои ќе одлучат да продолжат со своите магистерски студии.
Brainster Next факултетот е создаден со мисија да образова, инспирира и поддржува иновативни и креативни млади лидери и претприемачи од Македонија, кои сакаат да го променат светот.
2014
Факултетот кој не
можев да го најдам.
Во 2014 година нашиот основач Петар Ниновски работеше за Johnson Controls – голема интернационална технолошка компанија. „Животот навидум беше совршен – одлична плата, одлична кариера, одлична работа.“
Но, недостасуваше нешто.
Недостасуваше квалитетно, модерно образование каде Петар ќе продолжи да ги надградува своите вештини. Такво образование немаше во Македонија.
Тогаш се роди идејата за Brainster.
„Еден ден сакам да изградам образование какво што јас не можев да најдам. Еден ден сакам да ја направам Македонија препознатлива по квалитетно образование“. – Петар Ниновски


2015
Почетоците

Петар одлучува да напушти стабилна, добро платена работа
за да го основа Brainster.
Првите групи студенти започнаа во октомври 2015 година.
Само 100 студенти, одличен тим на вработени, модерни програми, соработка со компании за студентите да можат да работат на реални проекти и да се вработуваат.
Ова беше брз успех, но не и крајна цел. Другото е историја.
2020
Најголема образовна институција
по број на запишани студенти
Со 1250 запишани студенти во 2020 година, Brainster стана најголемата образовна институција во државата.
Студентите изработија 400 различни проекти за компании.
Некои недели се вработуваа и по 50 студенти во една недела.


2021
Процес на акредитација

Brainster Next стана приватна акредитирана високообразовна институција.
Процесот на акредитација траеше 2 години.
Процесот започна во ноември 2020 година. Во јануари 2021 година Brainster Next доби одобрение од Владата на Р. Македонија за основање на високообразовна институција.
Во септември 2021 година Одборот за акредитација донесе решение за акредитација на институцијата.
Во јули 2022 година беше акредитирана првата додипломска студиска програма, Софтверско инженерство и иновации, по што Министерството за образование и наука донесе решение за почеток со работа на Brainster Next.
Долг процес. Но вредеше.
2023
Топ 500 компании по профит
во Македонија
Побрзо од очекуваното, Brainster влезе во листата на
топ 500 компании по профитабилност.
Ова е доказ за финансиската стабилност, „домаќинското работење“ и довербата од студентите, родителите и партнерите.


2025
Препознавање на
квалитетот во Европа

Brainster ја отвори својата трета компанија – NU академиите
за средношколци.
Освен што предизвика огромен интерес од средношколците во Македонија, NU преку франшиза започна со работа и во Словенија.
Сега, студенти од Словенија студираат на 100% македонски програми.
Замислете – наместо да се извезуваат мозоци, се извезува знаење. Ова беше значајно достигнување за Brainster, но и за Македонија.
2026
Три акредитирани програми.
100% вработени студенти.

Brainster Next е најбрзорастечкиот факултет во регионот и сега поседува 3 акредитирани програми.
Оваа година на факултетот ќе имаме повеќе од 300 активни студенти, 250 компании партнери за вработување и пракса на нашите студенти и над 40 партнерства со факултети за студентите кои ќе одлучат да продолжат со своите магистерски студии.
100% од првата генерација на дипломци веќе се вработени.

- What is next for Brainster Next?
2030
Што ќе оставиме исто? Што ќе
подобриме? А што ќе промениме??
Што ќе биде исто?
Ќе го задржиме нашиот концепт на образование:
- Многу работа на реални проекти и многу пракси,
- Градење на портфолио во текот на студиите,
- Учество на хакатони и работилници,
- Тимска работа,
- Поддршка на студентите за вработување и пракса,
- Многу натпревари,
- Изучување на вештачка интелигенција и нови технологии,
- Поддршка на студентите во процесот на студирање,
- Соработка со интернационални факултети за продолжени магистерски студии,
Што ќе подобриме?
Најголемиот проблем со кој се соочуваме во моментов е дека само 5% од нашите студенти започнуваат бизнис. Моментално 70% од дипломираните студенти одлучуваат да се вработат, а 25% одлучуваат да продолжат на магистерски студии.
Процентот на студенти кои започнуваат бизнис е понизок од очекуваното. Тука Brainster Next мора да се подобри.
Од септември 2026 година планирани се инвестиции и проекти преку кои ќе се мотивираат студентите да започнуваат бизниси.
Што ќе промениме?
- Од 2027 година, Brainster Next планира да започне да запишува интернационални студенти.
- Brainster Next инвестира во нов технолошки кампус. Од септември 2026 година сите наши сегашни и идни студенти се преселуваат во новиот кампус.
- Кампусот е замислен како технолошки хаб, а не како класичен факултетски простор.
- И едно големо изненадување за кое сè уште не откриваме. Но ова ќе промени сè за нашите студенти.
