Студирај на Brainster Next
Ние сме Brainster Next. Дали ти си?
ПОСЛЕДЕН УПИСЕН РОК

преостанати места |
12
квота |
125 студенти
академска '25/26 год
Аплицирај за трансфер
на Brainster Next
College!
Студирај на првиот акредитиран практичен IT факултет кој ќе те подготви за работа во IT индустријата.


Услови за студирање
Имајќи го во предвид квалитет на студиите, и нашата мисија да се посветиме на секој студент индивидуално, бројот на местата за студирање на нашите програми се ограничени – до 75 студенти за Софтверско инженерство и до 50 за Дигитален маркетинг и медиуми по академска година.
- 1. Свидетелства од 1ва до 4та година
- 2. Документ/диплома за положена државна матура или меѓународна матура
- 3. Извод од матична книга на родени (неважен е датум на издавањето)
- 4. Доказ за државјанство на РСМ (неважен е датум на издавањето)
*Сите документи треба да се достават во оригинал или копии заверени на нотар.
Овие документи се задржуваат во студентското досие на студентот.
Школарина
Преку школарината ние инвестираме во технологијата потребна при учење, овозможување на квалитетен наставен кадар и соодветна современа литература. Школарината за една академска година ги вклучува сите трошоци за студиите (не се доплаќа за литература, пријава на испити, итн) и изнесува:
Додопломска програма
Софтверско инженерство и иновации
3450€ за една студиска година
Додопломска програма
Примена на информациски технологии – дигитален дизајн и интерактивни технологии
3650€ за една студиска година
Опција 1
Уникатниот модел за финансирање на студиите „Студирај сега, плаќај по вработувањето“ им овозможува студентите да студираат за НУЛА денари, а да ја отплаќаат школарината на бескаматни рати по дипломирањето или вработувањето.

БЕСПЛАТНО
Отплата по дипломирање/
вработување, на до
36 рати
без камата


Опција 2
За сите студенти кои ќе се одлучат да не го користат моделот за финансирање на студиите „Студирај сега, плаќај по вработувањето“ и тековно да ја плаќаат школарината за студиите, нудиме три можности на плаќање на школарината за кои студентите добиваат попуст на горенаведената школарина.
на школарината
За плаќање
во готово
За целокупните
3 годишни студии
на школарината
За плаќање
во готово
За 1 академска
година
на школарината
Плаќање до 60
рати без камата
За целокупните
3 годишни студии
на школарината
3 годишни студии
на школарината
година
на школарината
3 годишни студии


За други финансиски олеснувања, можности за плаќање (определен број на рати по ваш избор) како и повеќе информации околу финансирањето, закажете средба со нашите координатори.
(+389) 070 239 915 | [email protected]
Дознај повеќе!
Дознај повеќе за програмите, процесот на пријавување и можностите за стипендирање преку разговор со нашите адмишн советинци


ЧПП
Со цел да можеш полесно да донесеш одлука за твоите студии, овозможивме неколку интересни алатки кои може да помогнат во твојот избор. Истите може да ги најдеш на страната Ресурси. Доколку се уште не можеш да одлучиш, ние ти стоиме на располагање за да поразговараш директно со нас во врска со твоите студии и твојата идна кариера.
Веднаш по потпишување на договорот за студирање, студентите добиваат пристап до нашата подготвителна програма на онлајн платформата за учење I.Am.Next.
Оваа програма е достапна целосно онлајн и е наменета да им помогне на студентите полесно да се адаптираат на академското темпо и методологија. Се препорачува да се заврши пред почетокот на првата студиска година за студентите да започнат со поголема сигурност и подготвеност.
Иако наставната програма на нашиот колеџ е внимателно дизајнирана за студенти кои започнуваат „од нула“, подготвителната програма нуди дополнителна поддршка и вовед во основните концепти кои ќе се разработуваат понатаму во текот на студиите.
Префрлање од друг факултет е можно и се спроведува во согласност со важечките законски услови и процедури. Секое барање за трансфер е индивидуално и подлежи на разгледување од страна на академските и студентските координатори на Бреинстер Некст. За повеќе информации, контактирајте нè на 070 239 915 или [email protected].
Детална листа на предмети кои се изучуваат во рамки на студиските програми како и нивен кус опис се достапни на нашата веб страна тука. Но доколку сте заинтересирани за повеќе детали околу истите, препорачуваме да ни испратите електронска порака на [email protected] или да ни се јавите на (+389) 070 239 915
Ние на Бреинстер Некст колеџот веруваме дека со цел да ја оствариме нашата мисија и да овозможиме квалитетно образование, потребно е да сме добар „фит“ со очекувањата, способностите и афинитетите на нашите студенти. Поради тоа, ние не користиме приемен испит, туку тест за капацитети и способности кој ќе ни укаже и на нас како институција и на вас како студенти дали Бреинстер Некст колеџот е вистинскиот избор за вас.
