додипломска студиска
програма за

Софтверско
инженерство
и иновации

Времетраење:
3 години (6 семестри)
Број на ЕКТС кредити:
180 ЕКТС
Академски назив:
Дипломиран инженер по информатички технологии - софтверско инженерство и иновации

Која кариера во ИТ следува по завршување на
оваа студиска програма?

Преку оваа програма студентите се стекнуваат со голем број на ИТ вештини и технологии, отворајќи им ја вратата кон најразлични просперитетни кариери во дигиталниот свет како:
Компаниите кои ги вработуваат нашите студенти се најчесто специјализирани во развој на софтвер и ИТ. Освен нив, и компаниите од други сектори како финансиски, владини, здравствени институции или пак сектори како производство и маркетинг кои имаат сопствени продукти на пазарот и потреба од софтверски инженери во нивниот тим, исто така вработуваат наши студенти.

Предмети

КРЕДИТИ: 6
Совладување на математичка дисциплина која разработува неколку неразделни полиња, како што се линеарните пресликувања, векторските простори и матриците. Запознавање со сите поединости на оваа математичка гранка која е од особена важност за идниот процес на учење и способноста за решавање проблеми.

КРЕДИТИ: 6

Запознавање на студентите со принципите на структурно програмирање и самостојно да програмираат со користење на програмскиот јазик PHP како и да направат компарација на PHP со други програмски јазици.
КРЕДИТИ: 6
Запознавање со веб апликации и соочување со настанско програмирање, управување и одржување на веб страници. Комтенециите кои ќе ги добијат студентите на крајот од предметот преку самостојна работа е да научат да развиваат веб апликации со JavaScript, HTML5 и CSS3.

КРЕДИТИ: 6

Запознавање со компонентите кои го градат корисничкиот интерфејс, нивното функционирање, патот на корисникот и развој на апликативни решенија во дизајнот на интерфејсот.  конкретни проблеми.

КРЕДИТИ: 6

Изучување на објектно-ориентиран пристап на програмирање во програмскиот јазик PHP. Изучување на шаблони за дизајн на софтвер. Совладување техники за самостојно програмирање и програмирање со користење на структуирана програмерска парадигма во развојната рамка Laravel.
КРЕДИТИ: 6
Запознавање со моделирање на апликативни проблеми од реалниот живот, совладување на релацискиот модел на базите на податоци, дефинирање на апстрактни податочни модели и како и извршување манипулација со базите на податоци. Се изучува МySQL Server со PHP. а на крајот се изработуваат и презентираат примери за апликации со бази на податоци.

КРЕДИТИ: 6

Запознавање со компонентите на современите компјутерски системи и нивното функционирање, со цел студентите да можат да ги опишат сите основни компоненти и хардверската логика, како би знаеле каде се потенцијалните проблеми во иднина при програмирање на различни решенија на конкретни проблеми.

КРЕДИТИ: 6

Запознавање со начините и методите за тестирањето на софтвер, препознавање на грешки, багови и корекции. Системска анализа и внес на корективни акции. 
КРЕДИТИ: 6
Примена на стекнатото знаење во претходните семестри за креирање комплетно апликативно решение. Со користење на програмските јазици и работни рамки изучени претходно и под менторство на професор и асистент, студентот ќе креира апликативно решение за однапред утврден проблем.

КРЕДИТИ: 6

Развивање на вештини кои се сметаат за неопходни за ефикасно работење во организации како што е комплексно решавање проблеми, управување со проекти, лидерски вештини и тимска работа итн. кај инженерите во раната кариера и оние кои се нови на инженерските позиции во инженерските и технолошките организации.

КРЕДИТИ: 6

Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со финансиското планирање и како да постават финансиски цели, какви финансиски производи и услуги постојат, типови на штедење и инвестиции, типови на осигурувања и кредити и како да се препознаат навремено финансиските потешкотии и истите да се адресираат.  технолошките организации.

КРЕДИТИ: 6

Запознавање на студентите со оперативните системи Windows, UNIX/Linux, нивните концепти и начин на функционирање како и концептот на девопс и како истиот ја зголемува продуктивноста и вредноста на компаниите.

КРЕДИТИ: 6

Запознавање со алгоритмите, и развој на способноста на студентите да ги разбираат и успешно да ги оценуваат перформансите на алгоритмите кои ги пишуваат, да ја проценат нивната комплексност, препознавање во која ситуација кој алгоритам е соодветен и може да се примени. Работа во лабораторија со програмскиот јазик C#.

КРЕДИТИ: 6

Студентите ќе се запознаат со основните концепти и постапки на описната и инференцијалната статистичка анализа. при што ќе се стави особен акцент на важноста на варијабилноста. Студентите исто ќе се запознаат и со теми како стандардно отстапување, интерпретацијата на варијабилноста на коефициентот на корелација, тестирање на хипотези, степените на слобода итн.  

КРЕДИТИ: 6

Целта на предметот е студентите да се запознаат со основните концепти на програмирање во пајтон. Во овој предмет се покриваат сите класични елементи на програмирањето со фокус на пристап кој се базира на апстракција на податоци.

КРЕДИТИ: 6

Науката за податоци е интердисциплинарна област насочена кон извлекување на корисни информации и знаење од множества на податоци, кои се обично големи (анг. big data). Студентите ќе се запонзаат со ова поле кое опфаќа подготвување податоци за анализа, податочна анализа, и презентирање на корисната информација извлечена од процесот со цел донесување на информирана одлука.

КРЕДИТИ: 6

Машинското учење користи интердисциплинарни техники како што се статистика, линеарна алгебра и компјутерски науки за создавање на автономни системи кои можат да пребаруваат низ големи податоци со голема брзина и да прават предвидувања или одлуки без човечка интервенција.

КРЕДИТИ: 6

Целта на овој предмет е студентите да се запознаат да се запознае со најдобрите практики за креирање визуелизација на податоците на начин на кој што тие ќе даваат точен приказ на податоците, ќе креираат кохерентна приказна и ќе изгледаат професионално. 
КРЕДИТИ: 6
Целта нa овој предмет е студентите да ги применат стекнатите знаења на нивните проекти за истите да ги доведат до state-of-art ниво. Студентите ќе ја имаат големата слика зад комплетниот развој на еден софтверски продукт и следствено ќе можат да ги имплементираат новите знаења на нивните постоечки проекти.

КРЕДИТИ: 6

Предметот ги опфаќа вградените системи, платформата Arduino како и Raspberry Pi за градење уреди што можат да го бидат во интеракција со физичкиот свет. Студентите ќе треба да ги применат вептините што сте ги научиле при дизајнирање, градење и тестирање на вграден систем базиран на микроконтролер, произведувајќи уникатен финален проект.

КРЕДИТИ: 6

Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со најзначајните социјални медиуми, мрежи и онлајн заедници, како и платформи за размена на содржина и услуги. Студентите ќе се запознаат со најважните контекстуални и технички карактеристики на социјалните мрежи и преку практична работа ќе се запознаат со начините на градење на стратегија за социјални мрежи. Дополнително, студентите ќе стекнат вештини за мерење на ефектите од маркетинг активностите на социјалните мрежи.

КРЕДИТИ: 6 

Преку овој предмет студентите ќе се запонзаат со историја, структура и организација на Интернетот, иднината на Интернет со Web 3.0, технички и технолошки аспекти на Semantic Web, концепти, протоколи за поврзување, поим за компјутерски мрежи, безбедносни аспекти и блокчејн. 

КРЕДИТИ: 6

Главната цел на овој предмет е студентите да се запознаат со најдобрите практики на најпознатите ИТ компании како Амазон, Гугл, Фејсбук, Нетфликс и Тесла во делот на продукт менаџмент. За време на предметот, студентите ќе научат како да дизајнираат, развијат и пласираат производите на начин како претходно споменатите гиганти и како да структуираат успешна продуктно организирана компанија.

КРЕДИТИ: 6

Целта на предметот е студентите да се запознаат со големата слика при развивање на софтвер. Познавањето на одредени програмски јазики и технологии не е доволно за успешно спроведување на идеја во софтверско решение. Потребен е инженерски поглед на работите за успешно развивање на апликации кои ќе се стабилни и безбедни за користење додека истовремено се скалабилни во поглед на надградување и опслужување корисници.

КРЕДИТИ: 6

Целта на овој предмет е да обезбеди сеопфатен вовед во областа на сајбер безбедност, со детално покривање на основните теми потребни за познавање на сајбер безбедност на почетно ниво.

КРЕДИТИ: 6

Целта на овој предмет е да им даде на студентите целосна слика за предностите и растот на обработката во облак (cloud computing), облак инфраструктурата, виртуелизацијата, автоматизацијата и оркестрацијата, како и дизајнот на софтвер за апликации кои работат во облак.  

КРЕДИТИ: 6

Целта на предметот е студентите да научат како да ги извршуваат најчестите развојни задачи во iOS и Android. Фокусот за време на овој предмет е студентите да научуат како да пишуваат и извршуваат список на вообичаени задачи кои не се базираат на специфична платформа, како што е пишување датотека во локално складирање или создавање на барање за HTTP. Исто така студентите ќе научат како да креираат основни апликаци во секоја од двете платформи користејќи ги претходно наведените знаења

КРЕДИТИ: 6

Запознавање на студентите со напредни техники за визуелизација и самостојно креирање 3D облици и интерактивни анимации за Gaming индустрија, преку употреба на софтверски алатки како Maya, 3D studio Max, Unity и сл. 

КРЕДИТИ: 6

Цел на предметот е студентите да се запознаат со принципот на функционирање на дистрибуираните компјутерски системи и дистрибуираните бази на податоци, комуникацијата клиент-сервер и синхронизацијата помеѓу процесите, како и основите на блокчејн технологијата. 

КРЕДИТИ: 6

ИТ проектите носат посебни предизвици за сите членови на тимот на проектот, како за инженерите така и за менаџерите. Со овој предмет студентите ќе ги совладаат основите на најдобрите практики на методологијата за управување со проекти.

КРЕДИТИ: 6

Цел на предметот е студентите да се запознаат со напредни техники за визуелизација и самостојно да креираат  3D облици и анимации, преку работа на графички пакети како што се Maya, 3D Studio и сл. 

КРЕДИТИ: 6

Цел на предметот е студентите да се запознаат со клучните теории и истражувања во областите на иновациите и претприемништвото, притоа фокусирајќи се на нивната примена во многу поширок и современ контекст во области како корпоративни и јавни услуги, новите технологии и економии итн.

Дел од вештините кои се развиваат
преку овие модули

Наставен кадар и соработници

Закажи средба

Дознај повеќе за нашите програми, методологија
на работа, професори и процес
на аплицирање.

Претстави ги своите способности и провери
дали Бреинстер Некст е вистинското место за
тебе – закажи средба!