Клучни бројки и резултати на Brainster за 2021 година:
Brainster е најдобро рангиран образовен центар во Македонија според независната платформа за рангирање од страна на алумни и тековни студенти – 99Schools.mk во конкуренција од 149 формални и неформални едукативни центри во државата.
Brainster Next College e формиран со цел да ги преслика најдобрите практики на Brainster во високото образование и да го надгради образовниот систем нудејќи нешто што е реткост кај другите факултети – практична и применета програма одобрена од индустријата која ќе овозможи висока вработливост на нашите студенти.
Додипломски студии креирани според најновите ИТ и дигитални трендови со фокус на практична примена на модерни алатки и cutting-edge технологии при учењето
Работа во мали групи за овозможување на индивидуален пристап кон секој студент, со посебен фокус на искуството и задоволството на студентите
Истакнати професионалци и професори од земјата и странство кои го сочинуваат наставниот кадар под чие менторство студентите работата на реални проекти
Методологија на учење која е применета на најдобрите и најреномираните универзитети во странство преку практична работа на решенија и реални проекти во секој чекор од студиите
Компании – лидери во својата бранша ќе помагаат во поставување адекватни цели на учење за студентите, развој на реални проекти и овозможување на практична работа во текот на студиите
Кариерно советување и насочување за практична работа, вработување, само-вработување и други можности во текот на целата студиска програма и по дипломирањето
Нашата цел е академска извонредност, интелектуална слобода и создавање на иновации кои ќе имаат влијание и позитивен ефект на нашата околина.
Од двете основни програми се изведуваат специјализации согласно твоите интереси во текот на втората и третата година од студиите.
Секој пролетен семестар, ќе работиш на проекти во директна соработка со компании и поддршка од академски ментори.
Со интердисциплинарен пристап и соработка со непосредната заедница создаваме технолошки напредни решенија преку studio based learning.
Веметраење:
3 години (6 семестри)
Број на ЕКТС кредити:
180 ЕКТС
Академски назив:
Дипломиран инженер по информатички
технологии – софтверско инженерство и иновации
Времетраење:
3 години (6 семестри)
Број на ЕКТС кредити:
180 ЕКТС
Академски назив:
Дипломиран инженер по информатички
технологии – дигитален маркетинг
Дознај ги поволностите за рана регистрација и упис на нашите студиски програми и биди чекор пред останатите! Резервирај го своето место на една од најмодерните образовни институции преку разговор со нашите студентски координатори!