додипломска студиска
програма за

Примена на ИТ -
Дигитален
Маркетинг

Со технолошкиот подем и навлегување во сѐ поголем број на домени на секојдневниот живот, инженерите и програмерите со својата работа го унапредуваат нашето секојдневие преку изработка на современи алатки и продукти.

Која кариера во ИТ и маркетинг следува
по завршување на овој колеџ?

Преку оваа програма студентите се стекнуваат со голем број на ИТ вештини и технологии со посебен акцент и специјализација во поле на дигитални медиуми и маркетинг. Со тоа, им се отвора вратата во повеќе различни професии во дигиталниот свет како:

Компаниите кои ги вработуваат нашите студенти се различни агенции кои специјализираат во маркетинг, креатива, веб дизајн и истражување на пазар. Освен нив, и компаниите од други сектори кои имаат сопствени продукти и потреба од внатрешни маркетинг тимови како фармација, производство на кондиторски производи, производство на пијалоци, големи трговски компании, печатници, издавачи и слични компании, како и голем број на владини институции.

Дел од основните модули при
изучување на оваа програма

Менаџмент на
ИТ проекти

Преку различни реални сценарија и практични вежби ќе ги разбработиме различните начини на управување со проекти за ИТ иницијативи и информациски системи во сите фази: од планирање до имплементација и надградба. Ќе користиме различни софтверски алатки за да симулира време на реализација на проектите.

Дигитален
маркетинг

Ќе се запознаете со основните поими и концепти на маркетингот, ќе ги научите начините за управување со маркетинг процесите, како и за донесување одлуки во маркетингот. Така, самостојно ќе можете да препорачувате различни маркетинг стратегии, врз основа на бизнис целите и целните групи.

Комуникација и
презентација

Комуникацијата влијае во развојот на општествените процеси, поделби, развојот на науката, технологијата, како и врз културата и формите во културната индустрија. Тука ќе се запознаете со сознанијата за содржините на различни медиумски пораки, нивната улога во процесите на создавање и менување на ставови во јавноста.

Продуктна
стратегија

Ќе добиете основно познавање на напредните техники на креирање и управување со продукти и продуктно ориентирани компании, давајќи акцент на продукти и компании од дигиталната сфера. Ќе ги изучиме најважните процеси во управувањето со продуктот и компанијата, од менаџерски, финасиски и развоен аспект преку најважните процеси и алатки.

Соработка и
работа
во тимови

Ќе научите за техничките и процедуралните аспекти на соработка при работа на дигитални проекти: пишување на соодветна спецификација на барања, поставување на проектите соодветно притоа имајќи го на ум корисничкото искуство, развој и следење на таргет публиката во склоп на веб страниците кои се создаваат, како и поделба на улоги во тимот и соработка на поголеми проекти.

Анализа на
податоци

Речиси сѐ, денес се базира на податоци, анализа и изведување заклучоци со нивна помош. Тука ќе научите како да ги разберете предноситите на маркетинг анализа, да предложите соодветни метрики и техники, како и да правите одлуки врз база на податоци. Ќе ве воведеме во најкористените метрики и ќе начините како да ги анализирате, структурирате, собирате, користите и интерпретирате податоците.

Дел од вештините кои се развиваат
преку овие модули

Како до место во нашите
студентски програми?

Дознај повеќе за нашите програми, методологија
на работа, професори и процес
на аплицирање.

Претстави ги своите способности и провери
дали Бреинстер Некст е вистинското место за
тебе – закажи средба!

Новости

Следи ги новостите од
нашата заедница!