Search

Иднината на
вашето дете е
наша заедничка
грижа

Brainster Next College e првиот практичен ИТ-факултет акредитиран од страна на Министерството за образование и наука на РСМ и согласно тоа дипломата со која се стекнува студентот по завршувањето на студиите е еквивалентна на која било друга диплома стекната на државните и приватните факултети низ државата. 

На студиската програма Софтверско инженерство и иновации, академскиот степен со кој се стекнува студентот е Дипломиран инженер по информатички науки и технологија – софтверско инженерство и иновации (со 180 ЕКТС). 
На студиската програма UX/UI и графички дизајн, академскиот степен со кој се стекнува студентот е Дипломиран дизајнер за дигитален дизајн и интерактивни технологии (со 180 ЕКТС). 

Согласно Болоњската декларација и националната рамка за еквиваленција и квалификација на образованието, преку ЕКТС системот дипломата е призната во сите држави кои се дел од оваа декларација и ја признаваат акредитацијата дадена од страна на МОН.  Решенијата за акредитација се достапни ТУКА
Наставата ќе се одвива со физичко присуство, додека материјалите за учење и сè што е поврзано со студиите ќе бидат достапни на посебна платформа (learning management system) каде што секој студент ќе има свој профил, ќе се бележи неговото присуство, оценките, проектите итн. 

Само мал дел од наставата, по исклучок, ќе се одржува преку видеоконференциска врска, кога станува збор за гостински предавања од експерти од странство, во случај тие да не можат да бидат физички присутни и со цел да не се наруши текот на предавањата. 

Распоредот на предавања ќе биде поинаков од оној на традиционалните факултети – ќе се слушаат предметите во блокови, наместо паралелно повеќе предмети во исто време, со цел фокусот на студентот да биде што повеќе насочен на конкретна материја . 
Кај нас постојат неколку типа на професори: 

-Предавачи со практично и академско искуство

-Експерти од македонската ИТ-индустрија и практичари кои ќе предаваат предмети кои се дел од нивната секојдневна работа

-Гости предавачи од реномирани странски универзитети

-Гости предавачи од глобални компании како Meta (Facebook), Alphabet (Google), Apple, Netflix etc.   

На студиската програма Софтверско инженерство и иновации една академска година чини 3150 евра.

На студиската програма UX/UI и графички дизајн една академска година чини 3350 евра.

Ова е школарината за студирање на колеџот и во неа се вклучени сите трошоци поврзани со студиите – односно нема никакви дополнителни ниту скриени трошоци (за литература, за пријавување испит итн). 

Постојат повеќе начини за плаќање на школарината кои се образложени тука. 

Воедно го нудиме финансискиот модел Студирај сега, плаќај по вработувањето. – чијашто примарна цел е да го направи достапно за сите квалитетното високообразование, и да ја оттргне грижата за финансискиот товар од студентите и секако нивните родители. 

Ние стоиме на располагање за да ви помогнеме заедно со вашето дете да ја донесете најдобрата одлука за вас во однос на студиите. 

Поради тоа, предлагаме да закажеме информативна средба за кариерно советување и консултација со нашите координатори!

Ние стоиме на располагање за да ви помогнеме заедно со вашето дете да ја донесете најдобрата одлука за вас во однос на студиите.

Закажете информативна средба за кариерно советување и консултација со нашите координатори!

Psst...😎 Првиот уписен рок заврши!

Група 1 и група 2 се
пополнети и веќе им
кажавме welcome на
новите студенти. 

Приемниот тест е отворен до 1 април!
Не е шега 🤯

Регистрирај се на листата на
чекање за следниот уписен рок!

Избери ја соодветната програма

Контакт

(+389) 070 239 915
Или пиши ни на