Избор на програма
Како да направиш вистински избор за студиска програма?
Првиот чекор кон донесување на одлука за твојата идна кариера е определбата на студиската програма која соодветствува на полето во коешто сакаш утре да работиш. Нашите студиски програми се креирани според најнапредните методологии на учење и во чекор со светските трендови за најбараните професии на денешницата, а и иднината.
Ние сме тука за да ти помогнеме да го направиш вистинскиот избор за студиска програма која соодветствува на твоите афинитети, интереси и таленти, преку средба за кариерно советување.
Како до место на нашите студиски програми
(мапа на чекори)
Услови за студирање
Имајќи го предвид квалитет на студиите, и нашата мисија да се посветиме на секој студент индивидуално, местата за студирање на нашите програми се ограничени. Имено, вкупниот број на студенти кои може да се запишат на нашата студиска програма Софтверско инженерство и иновации е 75 студенти, додека на студиската програма по Примена на информациски технологии – дигитален дизајн и интерактивни технологии е 50 студенти во една академска година.
Уписните рокови како и деталите за упис можете да ги најдете во Конкурсот за запишување на студенти во академската 2023/2024 кој ќе биде објавен согласно кон крајот на месец мај.
Уписните рокови како и деталите за упис можете да ги најдете во Конкурсот за запишување на студенти во академската 2023/2024 кој ќе биде објавен согласно кон крајот на месец мај.
- Документацијата која ќе ви биде потребна при упис:
- 1. Свидетелства од 1ва до 4та година
- 2. Документ/диплома за положена државна матура или меѓународна матура
- 3. Извод од матична книга на родени (неважен е датум на издавањето)
- 4. Доказ за државјанство на РСМ (неважен е датум на издавањето)
Сите документи треба да се достават во оригинал или копии заверени на нотар. Овие
документи се задржуваат во студентското досие на студентот.
Школарина
Преку школарината ние инвестираме во технологијата потребна при учење, овозможување на квалитетен наставен кадар и соодветна современа литература. Школарината за една академска година ги вклучува сите трошоци за студиите (не се доплаќа за литература, пријава на испити, итн) и изнесува:
– Софтверско инженерство и иновации
2950 евра за сите потпишани преддоговори и договори до 30.06.2023 за една студиска година, а од 01.07.2023, школарината ќе изнесува 3150 евра за една студиска година.
– Примена на информациски технологии – дигитален дизајн и интерактивни технологии
2950 евра за една студиска година
Нашата главна цел и мисија е да го подобриме образованието за вие да го подобрите светот. Со тоа, сакаме да обезбедиме висококвалитетно образование на што поголем број на лица кои веруваат и сакаат да ја остварат оваа мисија заедно со нас. Поради тоа, овозможивме голем број на финансиски поволности и олеснувања за овозможување поголема пристапност до нашите студиски програми наведени подолу.
Секако, достапен е и уникатниот модел за финансирање на студиите „Студирај сега, плаќај по вработувањето“ кој овозможува студентите да студираат за НУЛА денари, а да ја отплаќаат школарината на бескаматни рати по дипломирањето или вработувањето.