Search

МИСИЈА И ВИЗИЈА

Образование кое ќе
одговори на предизвиците
на иднината

Нашата мисија отсекогаш била да го трансформираме и подобриме образованието за да одговори на предизвиците на иднината. Затоа, на овој колеџ им овозможуваме на младите преку апликативна и практична програма, во чекор со трендовите на индустријата и современа методологија на работа да се подготват за сите предизвици во нивните идни кариери.

ИСТОРИЈА

Континуиран напредок
во образовниот сектор

По успесите на Brainster во професионалното образование, следниот предизвик за нас станува пресликување на овие практики во формалното образование.

Затоа, Brainster Next College е спој нашите вредности: воведување на иновативен пристап во образованието, апликативна методологија на учење, опсесивна грижа за студентите и претприемачки дух, проткаени во формалната академска средина.

Brainster Next е основан, поддржан и инспириран од најуспешните македонски претприемачи на 21виот век, како и од прогресивната академска заедница на предавачи и професионалци кои имаат за цел да ги воведат најдобрите интернационални практики во образованието кај нас.

ЗАПОЗНАЈ ГО ТИМОТ

Студентот во центарот на нашиот фокус

Нашиот тим е целосно насочен и посветен кон искуството на студентот, и се стреми да ги детектира и адресира сите потреби кои ги имаат нашите студенти со единствена цел: да им овозможиме ненадминливо квалитетно студентско искуство во текот на образованието.

Softversko-inzenerstvo-i-inovacii | Brainster Next College
Softversko-inzenerstvo-i-inovacii | Brainster Next College

Борд од индустрија

Наставни програми
создадени според
потребите на индустријата

Бордот од индустријата е надворешно консултативно тело во кое членуваат лидери од IT индустријата и од други индустрии, претставници на релевантните стопански комори, истражувачи и експерти докажани во релевантните области, како и професорскиот кадар и дел од менаџментот на Brainster Next College.

Главната цел на Бордот е да ја осигура цврстата поврзаност на наставните програми со потребите на индустријата, преку разгледување и прилагодување на програмите, дефинирање на изборот на технологии, менторирање на студентите, обезбедување проекти, истражувања и практична работа за нив, и активно учество во носењето на најважните одлуки поврзани за идниот развој на институцијата.

Партнерски компании

Активна соработка со деловната заедница

Покрај бордот од индустријата, кој има директно влијание на стратешки одлуки поврзани со наставните програми, методологијата и поврзаноста на образовниот процес со вистинските потреби на индустријата, нашите партнерски компании се тука за да ја понудат својата експертиза во рамки на гостински предавања, овозможување на истражувања, пракси и проекти, како и можности за идно вработување на нашите студенти.

ЗАКАЖИ РАЗГОВОР

Дознај повеќе за програмите, процесот на пријавување и можностите за стипендирање преку разговор со Ема и Александар.

Ema-Kastratovikj-i-Aleksandar-Klashninovski | Softversko-inzenerstvo-i-inovacii | Brainster Next College

Psst...😎 Уписниот рок се затвара наскоро!

Студирај за 0 денари,
а плаќај по вработување!

Приемниот тест е отворен до 1 април!
Не е шега 🤯

Првата група е веќе пополнета!

Контакт

(+389) 070 239 915
Или пиши ни на