Што е НЕКСТ?!
Не се плашиме дапрашувамеменувамеиновираме
Влези на листа на чекање
Дознај прв/а за последниот уписен рок и последните слободни места.

2 групи пополнети
оваа година запишуваме |
125 студенти
академска '25/26 год
Првиот уписен рок
е затворен!
Влези на листата на чекање и дознај прв/а за последниот уписен рок и последните слободни места.

Студирај и стекни се со кариера,
не само со диплома
Акредитиранa високообразовна институција основана од Brainster -
најдобро рангираниот образовен центар во Македонија
Софтверско инженерство
и иновации
180 ЕКТС Кредити
Времетраење3 години (6 семестри)
ПочетокОктомври 2025
Стручен називBachelor of Engineering in Information Technology - Software Engineering and Innovations
UX/UI и
графички дизајн
180 ЕКТС Кредити
Времетраење3 години (6 семестри)
ПочетокОктомври 2025
Стручен називBachelor of Applied Science in Digital Design and Interactive Technologies
Софтверско Инженерство
и Иновации
180 ЕКТС Кредити
Времетраење3 години (6 семестри)
ПочетокОктомври 2025
Стручен називBachelor of Engineering in Information Technology - Software Engineering and Innovations
UX/UI и
Графички дизајн
180 ЕКТС Кредити
Времетраење3 години (6 семестри)
ПочетокОктомври 2025
Стручен називBachelor of Applied Science in Digital Design and Interactive Technologies
нова програма
Дигитален
маркетинг
180 ЕКТС Кредити
Времетраење3 години (6 семестри)
ПочетокОктомври 2025
Стручен називBachelor of Applied Science in Digital Marketing
Добредојде на Brainster Next College!
Прв практичен колеџ за амбициозни, креативни и иновативни
студенти, кои сакаат да градат кариера во идните високоплатени
професии во вештачка интелигенција, софтверско инженерство,
дизајн и претприемништво.
Биди и ти дел од заедница на визионери, експерти и иноватори,
користи ги новите технологии за да креираш дигитални решенија
кои ќе го сменат светот.
Од кого учат нашите студети?
Мрежа од +150 интернационални
партнер компании, експерти и ментори
Како Brainster Next
College поставува нови
начини на учење?
Учи преку работа
на реални проекти
Работи на реални проекти со компании и стартапи и стекни практични вештини и искуство уште додека студираш
Современи вештини за професиите на иднината
Нашите професори се и ментори. Индивидуален пристап кон секој студент. Со отворен пристап за соработка, консултации и менторски сесии
100% вработување по дипломирање
Со поддршка од 200+ компании и реални проекти, Brainster Next ти овозможува вработување по дипломирање.
Учи бесплатно до вработување
Образование со европски квалитет, без финансиски пречки — студираш буквално за 0 денари бесплатно, плаќаш дури по вработување.
Акредитирана и меѓународно признаена диплома
Стекни се со меѓународно признаена диплома „Bachelor of Science“, акредитирана за глобални кариерни можности.
Стани дел од Brainster Next
Закажи инфо средбаШто значи практична високобразовна институција?
- РЕАЛНИ ПРОЕКТИ
- ХАКАТОНИ
- APPRENTICESHIP PROGRAM
- ПРАКСА

Што е реален проект?
Работата на реални проекти ќе го заокружи твоето знаење стекнато преку цела академска година. Дигиталните вештини најдобро се учат преку реална работа. На час ќе имаш можност да креираш апликации и дигитални алатки за локални и глобални компании.
- РАБОТА ЗА КЛИЕНТ
- практична работа
- соработка со компании
- работа според бриф
- презентирање идеја

Што е Хакатон?
Хакатон е 48-часовен натпревар. Да, ќе бидеш фрлен/а во оган! Целта е да научиш да работиш во тим, да ги разбереш потребите и проблемите на клиентот и да пронајдеш вистинско решение. Ќе се соочиш со работа под притисок, краток рок и со пичирање/ презентирање на идеја пред клиент.
- Работа во кросфункционален тим
- Развивање на презентациски вештини
- Ширење на мрежа на познанства
- збогатување на портфолио
- работа со краток рок
- Менторирано учење

Што е Apprenticeship?
Level up на праксата. По завршувањето на секоја студиска година, ќе имаш можност да одиш на пракса, но не сам/а, туку во ТИМ...
- Искуство на работа во стартап
- Градење на продукт од почеток до крај
- Работа во тим
- Учење на нови програмски јазици
- Стекнување лидерски вештини

Што е пракса?
Пракса е работа за време на летниот период кај некој од нашите партнери или кај нас во Brainster. Ќе работиш и ќе учиш со нови колеги во компаниска средина...
- Работа во компанија
- Усовршување на вештини
- Ширење на мрежа на познанства
- професионален развој




NEXT Заедница
Brainster Next не е само високообразовна институција, туку е заедница која ќе ја имаш целиот твој живот. Тим од експерти, мрежа од интернационални компании и најдобрите таленти ќе станат твои пријатели, дел од твоето секојдневие и идни соработници и колеги. Биди во најдоброто друштво и решавај проблеми вредни за решавање.
Прашања? Одговори.
За упис на Brainster Next College, следете ги овие чекори:
1. Пополнување на апликација: Започнете со пополнување на онлајн апликацијата тука, каде што ќе ги внесете вашите податоци и академски интереси.
2. Тест за компетенции: Следен чекор е да решите тест кој ќе ги процени вашите компетенции.
3. Приемно интервју: По успешно положен тест, ќе бидете поканети на приемно интервју за да разговараме за вашите академски и професионални цели.
4. Потврда за упис: По успешно завршување на сите чекори, ќе добиете потврда за упис и дополнителни информации за следните активности, како што се плаќање на школарина и почеток на наставата.
Доколку имате дополнителни прашања или ви е потребна помош при аплицирањето, слободно контактирајте не.“
На студиската програма Софтверско инженерство и иновации една академска година чини 3450 евра.
На студиската програма UX/UI и графички дизајн една академска година чини 3650 евра.
Ова е школарината за студирање на колеџот и во неа се вклучени сите трошоци поврзани со студиите – односно нема никакви дополнителни ниту скриени трошоци (за литература, за пријавување испит итн).
Постојат повеќе начини за плаќање на школарината кои се образложени тука.
Воедно го нудиме финансискиот модел Студирај сега, плаќај по вработувањето. – чијашто примарна цел е да го направи достапно за сите квалитетното високообразование, и да ја оттргне грижата за финансискиот товар од студентите и секако нивните родители.
Ние стоиме на располагање за да ви помогнеме заедно со вашето дете да ја донесете најдобрата одлука за вас во однос на студиите.
Поради тоа, предлагаме да закажеме информативна средба за кариерно советување и консултација со нашите координатори!
На Brainster Next може да се запишат сите кои ги исполнуваат законските услови за упис на високообразовна институција во Р.С. Македонија, односно имаат завршено средно образование со положена државна или меѓународна матура. Дополнително, сите кандидати мора да го положат тестот за капацитети и способности, кој ги проверува нивните логички, креативни и аналитички способности. За полагање на тестот не е потребна претходна подготовка, бидејќи истиот не го тестира акумулираното знаење на кандидатите, туку нивниот потенцијал и интелигенција.
Brainster Next College e првиот практичен ИТ-колеџ акредитиран од страна на Министерството за образование и наука на РСМ и согласно тоа дипломата со која се стекнува студентот по завршувањето на студиите е еквивалентна на која било друга диплома стекната на државните и приватните факултети низ државата.
Согласно Болоњската декларација и националната рамка за еквиваленција и квалификација на образованието, преку ЕКТС системот дипломата е призната во сите држави кои се дел од оваа декларација и ја признаваат акредитацијата дадена од страна на МОН. Решенијата за акредитација се достапни ТУКА
Да, по завршување на додипломските студии, студентите имаат можност да продолжат со магистерски студии. Нашите програми се дизајнирани да обезбедат солидна академска основа и практични вештини кои ги подготвуваат студентите за понатамошни студии на повисоко академско ниво. Потребно е студентите да изберат магистерски студии со времетраење од две години.
Наставата ќе се одвива со физичко присуство, додека материјалите за учење и сè што е поврзано со студиите ќе бидат достапни на посебна платформа (learning management system) каде што секој студент ќе има свој профил, ќе се бележи неговото присуство, оценките, проектите итн.
Само мал дел од наставата, по исклучок, ќе се одржува преку видеоконференциска врска, кога станува збор за гостински предавања од експерти од странство, во случај тие да не можат да бидат физички присутни и со цел да не се наруши текот на предавањата.
Распоредот на предавања ќе биде поинаков од оној на традиционалните факултети – ќе се слушаат предметите во блокови, наместо паралелно повеќе предмети во исто време, со цел фокусот на студентот да биде што повеќе насочен на конкретна материја.
Имаш дополнителни
прашања?