додипломска студиска програма
Софтверско
инженерство
и иновации
3 години (6 семестри)
180 ЕКТС
Bachelor of Engineering in Information Technology - Software Engineering and Innovations
Приемниот тест за упис е затворен!
Влези на листата на чекање за последниот уписен рок!
Уште 2 слободни места за aкадемската ‘24/25
Уписите се во тек!
Која кариера во ИТ следува по завршување на
оваа студиска програма?
Предмети
КРЕДИТИ: 6
КРЕДИТИ: 6
КРЕДИТИ: 6
КРЕДИТИ: 6
Запознавање со компонентите на современите компјутерски системи и нивното функционирање, со цел студентите да можат да ги опишат сите основни компоненти и хардверската логика, како би знаеле каде се потенцијалните проблеми во иднина при програмирање на различни решенија на конкретни проблеми.
КРЕДИТИ: 6
КРЕДИТИ: 6
КРЕДИТИ: 6
КРЕДИТИ: 6
КРЕДИТИ: 6
КРЕДИТИ: 6
КРЕДИТИ: 6
КРЕДИТИ: 6
КРЕДИТИ: 6
КРЕДИТИ: 6
КРЕДИТИ: 6
КРЕДИТИ: 6
Цел на предметот е студентите да се запознаат со принципот на функционирање на дистрибуираните компјутерски системи и дистрибуираните бази на податоци, комуникацијата клиент-сервер и синхронизацијата помеѓу процесите, како и основите на блокчејн технологијата.
КРЕДИТИ: 6
КРЕДИТИ: 6
КРЕДИТИ: 4
Дел од вештините кои се развиваат
преку овие предмети
- Веб 3.0
- Front-end програмирање
- Back-end програмирање
- Интернет на нештата
- Криптовалути
- Автономни системи
- Вештачка интелигенција
- Машинско учење
- Пресметување во облак
- Применети истражувања
- Прототипизација
- Проектен менаџмент
Наставен кадар и соработници
Ивица Пешовски
Иноватор и експерт во полето на софтверското инженерство, со посебен акцент на развој на апликативни решенија и продукти во полето на едукацијата. Докторант по компјутерска техника и информатика со повеќе од 8 годишно искуство во ИТ индустријата, CTO на Brainster и искусен предавач и инструктор.Никола Кусибојоски
Искусен веб-девелопер, особено умешен во Backend технологиите. Има богато работно искуство како backend девелопер и full-stack девелопер и консултант во повеќе компании. Од 2019 година работи во „Лока“ – фирма од Силициумската долина, како full-stack програмер. Како еден од првите вработени во оваа компанија која денес брои повеќе од 150 луѓе ширум светот, имал прилика во целост да ги примени своите знаења од веб-програмирањето во изградба на неколку значајни проекти.Дамјан Обал
Damjan Obal живее и работи во Норвешка и има над 20 години работно и истражувачко искуство во областа на интерактивен графички и UX дизајн во Западна Европа, и два докторати од реномирани светски универзитети - едниот конкретно во полето на Game & Interactive Media Design (University of Lapland), a другиот во Computer science - HCI & UX (University of Maribor).Петар Јолакоски
Математичар, статистичар и стручњак во економетрика, кој своите познавања во овие области ги надоградува во полето на податочната наука и напредните методи на податочна анализа. Желбата за истражување и пренесување на своето знаење го преточува во своето работно искуство како помлад истражувач во МАНУ и предавач и асистент на Економскиот факултет и на Brainster.Томи Бошковски
Доктор на науки и асистент на политехничкиот факултет при University of Montreal (Canada), со специјалност во областа на невронауката и информатичките технологии. Своето искуство како предавач, истражувач и професионалец го гради со примарен фокус на употребата на технологијата и софтверските решенија во медицинските науки. Моментално соработува и со QMENTA Inc. од Барселона, Шпанија како консултинг Neuroimaging Engineer.Дијана Димитриевска
Дипломиран машински инженер со специјалност индустриски дизајн и 10 годишно искуство во областа на графички дизајн. Има работено на кампањи и продукти за најголемите компании од Македонија, меѓу кои Телеком, Пивара, Тиквеш, Ладна, ЕВН, Витаминка, Toyota. Во моментов е CDO во Brainster како и ментор на Академијата за Графички дизајн во Brainster.Горјан Поповски
Искусен Data Scientist, магистер по информатички и комуникациски науки на Jozef Stefan International Postgraduate School, од Љубљана. Негови полиња на интерес се обработката на природните јазици, машинско учење, длабинско учење, науката за податоци, како и анализа на податоци, развој на софтвер и алгоритми, оптимизација… Има големо работно искуство како data scientist во повеќе македонски и интернационални компании, консултант по машинско учење, но и искуство како предавач во повеќе области кои му се и поле на научно-истражувачка дејност. Тој е и предавач на Академијата за Data Science на Brainster.Анја М. Макеска
Во моментов е посветена на Executive MBA програмата, дуална диплома York University + University of Strasbourg. Таа е магистер во областа на финансиски менаџмент со два завршени факултети, за меѓународни односи во Софија и правни науки во Скопје. Работела како научен истражувач, а активна е и во неформалното образование како предавач на Академиите на Brainster. Со студентите работи на иновативни реални проекти, кариерно советување и обуки за меки вештини. Има искуство и во претприемништвото, основач е на еден стартап и ко-основач на друг.Марко Карбевски
Стручњак во полето на машинско учење, deep learning и податочна наука (data science) кој својата експертиза ја стекнува на престижниот Универзитет Сорбона каде што магистрирал во областа Dynamical Systems и Ergodic Theory и ја гради својата професионална кариера и истражувачко портфолио во реномирани компании и институции ширум Европа.Дарјан Раденковиќ
Експерт од областа на дигиталниот маркетинг и комуникациите со повеќе од 8 годишно искуство во ова поле, со посебен фокус на развој на дигитални маркетинг стратегии, употребата на дигиталните технички алатки во маркетингот и деловното работење. Дарјан има и повеќегодишно менаџерско искуство како Chief Marketing Officer на Бреинстер, Chief Business Development Officer на ВидиВака и уште неколку раководни позиции во познати македонски компании.Драган Димитров
Партнер во BDO Macedonia, со над 20 години професионално искуство во областа на ревизијата и корпоративните финансии. Сертифициран ревизор, судски вештак за финансии, и овластен проценител, кој воедно работи и како консултант и обучувач на кандидати за полагање на IAS/IFRS испитите во Македонија.Мартина Митз
Martina Mitz живее и работи во Германија и е сертифициран психолог и UX специјалист чиешто искуство и професионализам во областа на UX дизајнот и веб интерфејсите може да се забележи во работата за глобално реномирани компании како што се Volkswagen, T-Online, eBay, PayPal, Emirates Airlines, Cortal Consors (BNP Paribas) и многу други.Пеце Ангелковски
Претприемач, консултант за деловна стратегија и „бизнис ангел“ кој во своето 15 годишно искуство има менаџирано над 50 проекти поврзани со технологија, и е основач на неколку компании кои активно се бават со развој на игри, мобилни апликации, ентерпрајз менаџмент софтвери и системи со употреба на вештачка интелигенција (4F Studios, X3M Labs, HealthUp.io, M3 Medical итн)Робин Зимбаков
Успешен претприемач кој на своја 19 годишна возраст основа една од најуспешните компании во нашата држава, Солопром, во којашто ја има улогата на извршен директор сé до денес. Покрај тоа, тој е и основач на Miniso, a неговото многугодишно искуство го споделува со млади претпримачи и иноватори и е дел од CEED клубот на “бизнис ангели“.Закажи средба
на работа, професори и процес
на аплицирање.
Претстави ги своите способности и провери
дали Бреинстер Некст колеџ е вистинското
место за тебе – закажи средба!
Раните уписи за академската
2025/26 се отворени!