додипломска студиска програма
Софтверско
инженерство
и иновации
Времетраење:
3 години (6 семестри)
3 години (6 семестри)
Број на ЕКТС кредити:
180 ЕКТС
180 ЕКТС
Стручен назив:
Bachelor of Engineering in Information Technology - Software Engineering and Innovations
Bachelor of Engineering in Information Technology - Software Engineering and Innovations
Приемниот тест за упис е затворен!
Влези на листата на чекање за последниот уписен рок!
Уште 2 слободни места за aкадемската ‘24/25
Уписите се во тек!
Која кариера во ИТ следува по завршување на
оваа студиска програма?
Преку оваа програма студентите се стекнуваат со голем број на ИТ вештини и технологии, отворајќи им ја вратата кон најразлични просперитетни кариери во дигиталниот свет како:
Компаниите кои ги вработуваат нашите студенти се најчесто специјализирани во развој на софтвер и ИТ. Освен нив, и компаниите од други сектори како финансиски, владини, здравствени институции или пак сектори како производство и маркетинг кои имаат сопствени продукти на пазарот и потреба од софтверски инженери во нивниот тим, исто така вработуваат наши студенти.
Предмети
КРЕДИТИ: 6
Совладување на математичка дисциплина која разработува неколку неразделни полиња, како што се линеарните пресликувања, векторските простори и матриците. Запознавање со сите поединости на оваа математичка гранка која е од особена важност за идниот процес на учење и способноста за решавање проблеми.
КРЕДИТИ: 6
Запознавање на студентите со принципите на структурно програмирање и самостојно да програмираат со користење на програмскиот јазик PHP како и да направат компарација на PHP со други програмски јазици.
КРЕДИТИ: 6
Запознавање со веб апликации и соочување со настанско програмирање, управување и одржување на веб страници. Комтенециите кои ќе ги добијат студентите на крајот од предметот преку самостојна работа е да научат да развиваат веб апликации со JavaScript, HTML5 и CSS3.
КРЕДИТИ: 6
Запознавање со компонентите кои го градат корисничкиот интерфејс, нивното функционирање, патот на корисникот и развој на апликативни решенија во дизајнот на интерфејсот. конкретни проблеми.
КРЕДИТИ: 6
Изучување на објектно-ориентиран пристап на програмирање во програмскиот јазик PHP. Изучување на шаблони за дизајн на софтвер. Совладување техники за самостојно програмирање и програмирање со користење на структуирана програмерска парадигма во развојната рамка Laravel.
КРЕДИТИ: 6
Запознавање со моделирање на апликативни проблеми од реалниот живот, совладување на релацискиот модел на базите на податоци, дефинирање на апстрактни податочни модели и како и извршување манипулација со базите на податоци. Се изучува МySQL Server со PHP. а на крајот се изработуваат и презентираат примери за апликации со бази на податоци.
КРЕДИТИ: 6
Запознавање со компонентите на современите компјутерски системи и нивното функционирање, со цел студентите да можат да ги опишат сите основни компоненти и хардверската логика, како би знаеле каде се потенцијалните проблеми во иднина при програмирање на различни решенија на конкретни проблеми.
КРЕДИТИ: 6
Запознавање со начините и методите за тестирањето на софтвер, препознавање на грешки, багови и корекции. Системска анализа и внес на корективни акции.
КРЕДИТИ: 6
Примена на стекнатото знаење во претходните семестри за креирање комплетно апликативно решение. Со користење на програмските јазици и работни рамки изучени претходно и под менторство на професор и асистент, студентот ќе креира апликативно решение за однапред утврден проблем.
КРЕДИТИ: 6
Развивање на вештини кои се сметаат за неопходни за ефикасно работење во организации како што е комплексно решавање проблеми, управување со проекти, лидерски вештини и тимска работа итн. кај инженерите во раната кариера и оние кои се нови на инженерските позиции во инженерските и технолошките организации.
КРЕДИТИ: 6
Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со финансиското планирање и како да постават финансиски цели, какви финансиски производи и услуги постојат, типови на штедење и инвестиции, типови на осигурувања и кредити и како да се препознаат навремено финансиските потешкотии и истите да се адресираат.
КРЕДИТИ: 6
Запознавање на студентите со оперативните системи Windows, UNIX/Linux, нивните концепти и начин на функционирање како и концептот на девопс и како истиот ја зголемува продуктивноста и вредноста на компаниите.
КРЕДИТИ: 6
Запознавање со алгоритмите, и развој на способноста на студентите да ги разбираат и успешно да ги оценуваат перформансите на алгоритмите кои ги пишуваат, да ја проценат нивната комплексност, препознавање во која ситуација кој алгоритам е соодветен и може да се примени. Работа во лабораторија со програмскиот јазик Python.
КРЕДИТИ: 6
Студентите ќе се запознаат со основните концепти и постапки на описната и инференцијалната статистичка анализа, при што ќе се стави особен акцент на важноста на варијабилноста. Студентите исто ќе се запознаат и со теми како стандардно отстапување, интерпретацијата на варијабилноста на коефициентот на корелација, тестирање на хипотези, степените на слобода итн.
КРЕДИТИ: 6
Целта на предметот е студентите да се запознаат со основните концепти на програмирање во Python. Во овој предмет се покриваат сите класични елементи на програмирањето со фокус на пристап кој се базира на апстракција на податоци.
КРЕДИТИ: 6
Науката за податоци е интердисциплинарна област насочена кон извлекување на корисни информации и знаење од множества на податоци, кои се обично големи (анг. big data). Студентите ќе се запознаат со ова поле кое опфаќа подготвување податоци за анализа, податочна анализа, и презентирање на корисната информација извлечена од процесот со цел донесување на информирана одлука.
КРЕДИТИ: 6
Машинското учење користи интердисциплинарни техники како што се статистика, линеарна алгебра и компјутерски науки за создавање на автономни системи кои можат да пребаруваат низ големи податоци со голема брзина и да прават предвидувања или одлуки без човечка интервенција.
КРЕДИТИ: 6
Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со најдобрите практики за креирање визуелизација на податоците на начин на кој што тие ќе даваат точен приказ на податоците, ќе креираат кохерентна приказна и ќе изгледаат професионално.
КРЕДИТИ: 6
Целта нa овој предмет е студентите да ги применат стекнатите знаења на нивните проекти за истите да ги доведат до state-of-art ниво. Студентите ќе ја имаат големата слика зад комплетниот развој на еден софтверски продукт и следствено ќе можат да ги имплементираат новите знаења на нивните постоечки проекти.
КРЕДИТИ: 6
Предметот ги опфаќа вградените системи, платформата Arduino како и Raspberry Pi за градење уреди што можат да го бидат во интеракција со физичкиот свет. Студентите ќе треба да ги применат вептините што сте ги научиле при дизајнирање, градење и тестирање на вграден систем базиран на микроконтролер, произведувајќи уникатен финален проект.
КРЕДИТИ: 6
Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со најзначајните социјални медиуми, мрежи и онлајн заедници, како и платформи за размена на содржина и услуги. Студентите ќе се запознаат со најважните контекстуални и технички карактеристики на социјалните мрежи и преку практична работа ќе се запознаат со начините на градење на стратегија за социјални мрежи. Дополнително, студентите ќе стекнат вештини за мерење на ефектите од маркетинг активностите на социјалните мрежи.
КРЕДИТИ: 6
Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со историја, структура и организација на Интернетот, иднината на Интернет со Web 3.0, технички и технолошки аспекти на Semantic Web, концепти, протоколи за поврзување, поим за компјутерски мрежи, безбедносни аспекти и блокчејн.
КРЕДИТИ: 6
Главната цел на овој предмет е студентите да се запознаат со најдобрите практики на најпознатите ИТ компании како Амазон, Гугл, Фејсбук, Нетфликс и Тесла во делот на продукт менаџмент. За време на предметот, студентите ќе научат како да дизајнираат, развијат и пласираат производите на начин како претходно споменатите гиганти и како да структуираат успешна продуктно организирана компанија.
КРЕДИТИ: 6
Целта на предметот е студентите да се запознаат со големата слика при развивање на софтвер. Познавањето на одредени програмски јазики и технологии не е доволно за успешно спроведување на идеја во софтверско решение. Потребен е инженерски поглед на работите за успешно развивање на апликации кои ќе се стабилни и безбедни за користење додека истовремено се скалабилни во поглед на надградување и опслужување корисници.
КРЕДИТИ: 6
Целта на овој предмет е да обезбеди сеопфатен вовед во областа на сајбер безбедност, со детално покривање на основните теми потребни за познавање на сајбер безбедност на почетно ниво.
КРЕДИТИ: 6
Целта на овој предмет е да им даде на студентите целосна слика за предностите и растот на обработката во облак (cloud computing), облак инфраструктурата, виртуелизацијата, автоматизацијата и оркестрацијата, како и дизајнот на софтвер за апликации кои работат во облак.
КРЕДИТИ: 6
Целта на предметот е студентите да научат како да ги извршуваат најчестите развојни задачи во iOS и Android. Фокусот за време на овој предмет е студентите да научат како да пишуваат и извршуваат список на вообичаени задачи кои не се базираат на специфична платформа, како што е пишување датотека во локално складирање или создавање на барање за HTTP. Исто така студентите ќе научат како да креираат основни апликаци во секоја од двете платформи користејќи ги претходно наведените знаења.
КРЕДИТИ: 6
Запознавање на студентите со напредни техники за визуелизација и самостојно креирање 3D облици и интерактивни анимации за Gaming индустријата, преку употреба на софтверски алатки како Maya, 3D studio Max, Unity и сл.
КРЕДИТИ: 6
Цел на предметот е студентите да се запознаат со принципот на функционирање на дистрибуираните компјутерски системи и дистрибуираните бази на податоци, комуникацијата клиент-сервер и синхронизацијата помеѓу процесите, како и основите на блокчејн технологијата.
КРЕДИТИ: 6
ИТ проектите носат посебни предизвици за сите членови на тимот на проектот, како за инженерите така и за менаџерите. Со овој предмет студентите ќе ги совладаат основите на најдобрите практики на методологијата за управување со проекти.
КРЕДИТИ: 6
Целта на овој предмет е поврзување на ИТ индустријата со студентот со цел студентот да го примени стекнатото знаење во претходните семестри и програмските јазици кои се употребуваат во делот на машинско учење за да креира комплетно апликативно решение коешто ќе биде избрано од ИТ компанијата којашто ќе го менторира овој модул и ќе биде во рамки на нејзините потреби со цел истото да се понуди на нејзините клиенти.
КРЕДИТИ: 6
Цел на предметот е студентите да се запознаат со клучните теории и истражувања во областите на иновациите и претприемништвото, притоа фокусирајќи се на нивната примена во многу поширок и современ контекст во области како корпоративни и јавни услуги, новите технологии и економии итн.
КРЕДИТИ: 6
Цел на предметот е студентите да се запознаат со напредни техники за визуелизација и самостојно да креираат 3D облици и анимации, преку работа на графички пакети како што се Maya, 3D Studio и сл.
КРЕДИТИ: 4
КРЕДИТИ: 8
Дел од вештините кои се развиваат
преку овие предмети
- Веб 3.0
- Front-end програмирање
- Back-end програмирање
- Интернет на нештата
- Криптовалути
- Автономни системи
- Вештачка интелигенција
- Машинско учење
- Пресметување во облак
- Применети истражувања
- Прототипизација
- Проектен менаџмент
Наставен кадар и соработници
Ивица Пешовски
Иноватор и експерт во полето на софтверското инженерство, со посебен акцент на развој на апликативни решенија и продукти во полето на едукацијата. Докторант по компјутерска техника и информатика со повеќе од 8 годишно искуство во ИТ индустријата, CTO на Brainster и искусен предавач и инструктор.Никола Кусибојоски
Искусен веб-девелопер, особено умешен во Backend технологиите. Има богато работно искуство како backend девелопер и full-stack девелопер и консултант во повеќе компании. Од 2019 година работи во „Лока“ – фирма од Силициумската долина, како full-stack програмер. Како еден од првите вработени во оваа компанија која денес брои повеќе од 150 луѓе ширум светот, имал прилика во целост да ги примени своите знаења од веб-програмирањето во изградба на неколку значајни проекти.Дамјан Обал
Damjan Obal живее и работи во Норвешка и има над 20 години работно и истражувачко искуство во областа на интерактивен графички и UX дизајн во Западна Европа, и два докторати од реномирани светски универзитети - едниот конкретно во полето на Game & Interactive Media Design (University of Lapland), a другиот во Computer science - HCI & UX (University of Maribor).Петар Јолакоски
Математичар, статистичар и стручњак во економетрика, кој своите познавања во овие области ги надоградува во полето на податочната наука и напредните методи на податочна анализа. Желбата за истражување и пренесување на своето знаење го преточува во своето работно искуство како помлад истражувач во МАНУ и предавач и асистент на Економскиот факултет и на Brainster.Томи Бошковски
Доктор на науки и асистент на политехничкиот факултет при University of Montreal (Canada), со специјалност во областа на невронауката и информатичките технологии. Своето искуство како предавач, истражувач и професионалец го гради со примарен фокус на употребата на технологијата и софтверските решенија во медицинските науки. Моментално соработува и со QMENTA Inc. од Барселона, Шпанија како консултинг Neuroimaging Engineer.Дијана Димитриевска
Дипломиран машински инженер со специјалност индустриски дизајн и 10 годишно искуство во областа на графички дизајн. Има работено на кампањи и продукти за најголемите компании од Македонија, меѓу кои Телеком, Пивара, Тиквеш, Ладна, ЕВН, Витаминка, Toyota. Во моментов е CDO во Brainster како и ментор на Академијата за Графички дизајн во Brainster.Горјан Поповски
Искусен Data Scientist, магистер по информатички и комуникациски науки на Jozef Stefan International Postgraduate School, од Љубљана. Негови полиња на интерес се обработката на природните јазици, машинско учење, длабинско учење, науката за податоци, како и анализа на податоци, развој на софтвер и алгоритми, оптимизација… Има големо работно искуство како data scientist во повеќе македонски и интернационални компании, консултант по машинско учење, но и искуство како предавач во повеќе области кои му се и поле на научно-истражувачка дејност. Тој е и предавач на Академијата за Data Science на Brainster.Анја М. Макеска
Во моментов е посветена на Executive MBA програмата, дуална диплома York University + University of Strasbourg. Таа е магистер во областа на финансиски менаџмент со два завршени факултети, за меѓународни односи во Софија и правни науки во Скопје. Работела како научен истражувач, а активна е и во неформалното образование како предавач на Академиите на Brainster. Со студентите работи на иновативни реални проекти, кариерно советување и обуки за меки вештини. Има искуство и во претприемништвото, основач е на еден стартап и ко-основач на друг.Марко Карбевски
Стручњак во полето на машинско учење, deep learning и податочна наука (data science) кој својата експертиза ја стекнува на престижниот Универзитет Сорбона каде што магистрирал во областа Dynamical Systems и Ergodic Theory и ја гради својата професионална кариера и истражувачко портфолио во реномирани компании и институции ширум Европа.Дарјан Раденковиќ
Експерт од областа на дигиталниот маркетинг и комуникациите со повеќе од 8 годишно искуство во ова поле, со посебен фокус на развој на дигитални маркетинг стратегии, употребата на дигиталните технички алатки во маркетингот и деловното работење. Дарјан има и повеќегодишно менаџерско искуство како Chief Marketing Officer на Бреинстер, Chief Business Development Officer на ВидиВака и уште неколку раководни позиции во познати македонски компании.Драган Димитров
Партнер во BDO Macedonia, со над 20 години професионално искуство во областа на ревизијата и корпоративните финансии. Сертифициран ревизор, судски вештак за финансии, и овластен проценител, кој воедно работи и како консултант и обучувач на кандидати за полагање на IAS/IFRS испитите во Македонија.Мартина Митз
Martina Mitz живее и работи во Германија и е сертифициран психолог и UX специјалист чиешто искуство и професионализам во областа на UX дизајнот и веб интерфејсите може да се забележи во работата за глобално реномирани компании како што се Volkswagen, T-Online, eBay, PayPal, Emirates Airlines, Cortal Consors (BNP Paribas) и многу други.Пеце Ангелковски
Претприемач, консултант за деловна стратегија и „бизнис ангел“ кој во своето 15 годишно искуство има менаџирано над 50 проекти поврзани со технологија, и е основач на неколку компании кои активно се бават со развој на игри, мобилни апликации, ентерпрајз менаџмент софтвери и системи со употреба на вештачка интелигенција (4F Studios, X3M Labs, HealthUp.io, M3 Medical итн)Робин Зимбаков
Успешен претприемач кој на своја 19 годишна возраст основа една од најуспешните компании во нашата држава, Солопром, во којашто ја има улогата на извршен директор сé до денес. Покрај тоа, тој е и основач на Miniso, a неговото многугодишно искуство го споделува со млади претпримачи и иноватори и е дел од CEED клубот на “бизнис ангели“.
Previous
Next
Закажи средба
Дознај повеќе за нашите програми, методологија
на работа, професори и процес
на аплицирање.
Претстави ги своите способности и провери
дали Бреинстер Некст колеџ е вистинското
место за тебе – закажи средба!
на работа, професори и процес
на аплицирање.
Претстави ги своите способности и провери
дали Бреинстер Некст колеџ е вистинското
место за тебе – закажи средба!