We are the NEXT
Game Changers!
Innovators!
Doers!

Game Changers
Innovators
Leaders
Doers
Creators
Dreamers

Студирај IT факултет за 0 денари,
плаќај по вработување!

Аплицирај за трансфер Закажи инфо средба

Прв циклус додипломски студиски програми

Акредитиран факултет основан од Brainster -
најдобро рангираниот образовен центар во Македонија

Уште 2 места

Софтверско
Инженерство и
Иновации

Број на кредити

180 ЕКТС Кредити

Времетраење

3 години (6 семестри)

Почеток

Октомври 2024

Стручен назив

Bachelor of Engineering in Information Technology - Software Engineering and Innovations

Уште 2 места

Примена на информациски
технологии - дигитален дизајн
и интерактивни технологии

Број на кредити

180 ЕКТС Кредити

Времетраење

3 години (6 семестри)

Почеток

Октомври 2024

Стручен назив

Bachelor of Applied Science in Digital Design and Interactive Technologies

Добредојде на Brainster Next College!

Прв акредитиран практичен IT факултет кој ќе те подготви за работа во IT
индустријата. Ние сме визионери со мисија да го трансформираме
традиционалното формално образование.

На Brainster Next College, не си само студент, туку си и креатор. Заедно со
нашата заедница на компании, експерти и иноватори ќе ги користиш новите
технологии за да креираш дигитални решенија кои ќе го сменат светот.

Што значи практичен IT факултет?

  • РЕАЛНИ ПРОЕКТИ
  • ХАКАТОНИ
  • APPRENTICESHIP PROGRAM
  • ПРАКСА

Од кого учат нашите студети?

Мрежа од 150+ интернационални
партнер компании

Како Brainster Next
College поставува нови
начини на учење?

Реални Проекти

По завршувањето на секој семестар, студентите работат на проект зададен од компанија и го заокружуваат нивното стекнато знаење.

Професори како ментори

Нашите професори се и ментори. Индивидуален пристап кон секој студент. Со отворен пристап за соработка, консултации и менторски сесии

Student Success тим

Тим посветен на целокупното студентско искуство. Секогаш достапен за прашања, поддршка и грижа низ целиот период на студирање.

Практична Програма

Нашите студенти учат вештини кои се релевантни денес. Учат од професори кои се експерти и практично го применуваат она што го предаваат. Добиваат и можности за пракса или вработување во интернационални компании.

Мали групи

Учењето во мали групи од 25 студенти на нас ни овозможува максимална посветеност. Со ова се осигуруваме дека студентите ќе ги совладаат модулите на начин кој ќе им донесе резултати.

Стани дел од Brainster Next
факултет

Закажи инфо средба

NEXT Заедница

Brainster Next College не е само факултет, туку е заедница која ќе ја имаш целиот твој живот. Тим од експерти, мрежа од интернационални компании и најдобрите таленти ќе станат твои пријатели, дел од твоето секојдневие и идни соработници и колеги. Биди во најдоброто друштво и решавај проблеми вредни за решавање.

Прашања? Одговори.

За упис на Brainster Next College, следете ги овие чекори:

1. Пополнување на апликација: Започнете со пополнување на онлајн апликацијата тука, каде што ќе ги внесете вашите податоци и академски интереси.

2. Тест за компетенции: Следен чекор е да решите тест кој ќе ги процени вашите компетенции.

3. Приемно интервју: По успешно положен тест, ќе бидете поканети на приемно интервју за да разговараме за вашите академски и професионални цели.

4. Потврда за упис: По успешно завршување на сите чекори, ќе добиете потврда за упис и дополнителни информации за следните активности, како што се плаќање на школарина и почеток на наставата.

Доколку имате дополнителни прашања или ви е потребна помош при аплицирањето, слободно контактирајте не.“

На студиската програма Софтверско инженерство и иновации една академска година чини 3150 евра.

На студиската програма UX/UI и графички дизајн една академска година чини 3350 евра.

Ова е школарината за студирање на колеџот и во неа се вклучени сите трошоци поврзани со студиите – односно нема никакви дополнителни ниту скриени трошоци (за литература, за пријавување испит итн).

Постојат повеќе начини за плаќање на школарината кои се образложени тука.

Воедно го нудиме финансискиот модел Студирај сега, плаќај по вработувањето. – чијашто примарна цел е да го направи достапно за сите квалитетното високообразование, и да ја оттргне грижата за финансискиот товар од студентите и секако нивните родители.
Ние стоиме на располагање за да ви помогнеме заедно со вашето дете да ја донесете најдобрата одлука за вас во однос на студиите.
Поради тоа, предлагаме да закажеме информативна средба за кариерно советување и консултација со нашите координатори!

На нашиот факултет не студираат најпривилегираните туку најдобрите.

Brainster Next College e првиот практичен ИТ-факултет акредитиран од страна на Министерството за образование и наука на РСМ и согласно тоа дипломата со која се стекнува студентот по завршувањето на студиите е еквивалентна на која било друга диплома стекната на државните и приватните факултети низ државата.

Согласно Болоњската декларација и националната рамка за еквиваленција и квалификација на образованието, преку ЕКТС системот дипломата е призната во сите држави кои се дел од оваа декларација и ја признаваат акредитацијата дадена од страна на МОН. Решенијата за акредитација се достапни ТУКА

Да, по завршување на додипломските студии, студентите имаат можност да продолжат со магистерски студии. Нашите програми се дизајнирани да обезбедат солидна академска основа и практични вештини кои ги подготвуваат студентите за понатамошни студии на повисоко академско ниво. Потребно е студентите да изберат магистерски студии со времетраење од две години.

Наставата ќе се одвива со физичко присуство, додека материјалите за учење и сè што е поврзано со студиите ќе бидат достапни на посебна платформа (learning management system) каде што секој студент ќе има свој профил, ќе се бележи неговото присуство, оценките, проектите итн.

Само мал дел од наставата, по исклучок, ќе се одржува преку видеоконференциска врска, кога станува збор за гостински предавања од експерти од странство, во случај тие да не можат да бидат физички присутни и со цел да не се наруши текот на предавањата.

Распоредот на предавања ќе биде поинаков од оној на традиционалните факултети – ќе се слушаат предметите во блокови, наместо паралелно повеќе предмети во исто време, со цел фокусот на студентот да биде што повеќе насочен на конкретна материја.

Имаш дополнителни
прашања?

Избери ја соодветната програма

Контакт



(+389) 070 384 728

Или пиши ни на