Го подобруваме образованието за вие да го подобрите светот!

Прв акредитиран применет IT колеџ во државата

Студирај сега,
плаќај по
вработување!

Уникатен модел за финасирање на тригодишните додипломски студии по Софтверско инженерство и иновации (180 EKTC) кој им овозможува на студентите да студираат без финансиски товар сé до дипломирањето или вработувањето, а потоа да ја отплаќаат школарината на бескаматни рати!

Основан од Brainster - најдобро рангираниот
образовен центар во државата

Основан од Brainster - најдобро рангираниот образовен центар во државата

Клучни бројки и резултати на Brainster за 2021 година:

0
ЗАПИШАНИ
СТУДЕНТИ
0
ВРАБОТЕНИ
СТУДЕНТИ
0 /5
ЗАДОВОЛСТВО
НА СТУДЕНТИ
0 +
ПАРТНЕРСКИ
КОМПАНИИ

Brainster е најдобро рангиран образовен центар во Македонија според независната платформа за рангирање од страна на алумни и тековни студенти – 99Schools.mk во конкуренција од 149 формални и неформални едукативни центри во државата.

Brainster Next College e формиран со цел да ги преслика најдобрите практики на Brainster во високото образование и да го надгради образовниот систем нудејќи нешто што е реткост кај другите факултети – практична и применета програма одобрена од индустријата која ќе овозможи висока вработливост на нашите студенти.

Зошто да студираш
на Brainster Next

Иновативни и модерни студиски програми

Додипломски студии креирани според најновите ИТ и дигитални трендови со фокус на практична примена на модерни алатки и cutting-edge технологии при учењето

Индивидуален и фокусиран пристап

Работа во мали групи за овозможување на индивидуален пристап кон секој студент, со посебен фокус на искуството и задоволството на студентите

Менторство од реномирани експерти

Истакнати професионалци и професори од земјата и странство кои го сочинуваат наставниот кадар под чие менторство студентите работата на реални проекти

Апликативна примена и работа на реални проекти

Методологија на учење која е применета на најдобрите и најреномираните универзитети во странство преку практична работа на решенија и реални проекти во секој чекор од студиите

Тесна соработка со домашни и интернационални компании

Компании – лидери во својата бранша ќе помагаат во поставување адекватни цели на учење за студентите, развој на реални проекти и овозможување на практична работа во текот на студиите

Кариерно советување и насочување

Кариерно советување и насочување за практична работа, вработување, само-вработување и други можности во текот на целата студиска програма и по дипломирањето

Методологија

Нашата цел е академска извонредност, интелектуална слобода и создавање на иновации кои ќе имаат влијание и позитивен ефект на нашата околина.

Специјализација преку Т-shaped learning

Од двете основни програми се изведуваат специјализации согласно твоите интереси во текот на  втората и третата година од студиите.

Учење преку предизвици и реални проекти

Секој пролетен семестар, ќе работиш на проекти во директна соработка со компании и поддршка од академски ментори.

Позитивен импакт во заедницата и континуиран развој

Со интердисциплинарен пристап и соработка со непосредната заедница создаваме технолошки напредни решенија преку studio based learning.

Додипломски студиски
програми

софтверско
инженерство и
иновации

Веметраење:
3 години (6 семестри)

Број на ЕКТС кредити:
180 ЕКТС

Академски назив:
Дипломиран инженер по информатички
технологии – софтверско инженерство и иновации

примена на ИТ -
дигитален
маркетинг

Времетраење:
3 години (6 семестри)

Број на ЕКТС кредити:
180 ЕКТС

Академски назив:
Дипломиран инженер по информатички
технологии – дигитален маркетинг

Early Bird Регистрација

Дознај ги поволностите за рана регистрација и упис на нашите студиски програми и биди чекор пред останатите! Резервирај го своето место на една од најмодерните образовни институции преку разговор со нашите студентски координатори!

Кампус

Brainster Next е место каде талентирани и амбициозни млади професионалци од различна позадина се здружуваат со цел да создадат успешни и значајни проекти, со позитивен ефект на нивната средина. Тука, опкружени со алатки од последната генерација, cutting-edge технологии, и во центри прилагодени според нивните потреби и ги развиваат своите идеи, учат и создаваат заедно. Придружи се и ти!
Кариерниот центар ги поддржува нашите студенти, но е отворен и за пошироката јавност. Изборот на кариера е комплициран, па токму затоа центарот функционира како своевиден консултативен кариерен простор каде младите имаат можност да разгледаат што е најдобро да учат во зависност од нивните предиспозиции, желби, афинитети итн. Прочитај повеќе    >
Центарот за иновации претставува физички простор во Brainster Next каде младите луѓе со стекнатите дигитални вештини ги поттикнуваме и мотивираме да инвестираат во трансформација на постоечката ИКТ и дигитална индустрија од проектно ориентирана во продуктно ориентирана. Прочитај повеќе     >
Истражувачкиот центар на Brainster Next промовира интердисциплинарна истражувачка култура која гради мостови меѓу повеќе различни области и профили на луѓе кои работат заедно на конкретни проблеми. Прочитај повеќе     >

Партнери и борд од индустријата

Контакт

(+389) 070 239 915
Или пиши ни на