На Brainster Next College веруваме дека изборот на факултет не треба да биде направен под притисок, по инерција или затоа што „така треба“. Треба да биде информирана одлука , базирана на тоа коj/a си, што те интересира, во што си добар/а и каква иднина сакаш да изградиш.
Затоа организираме Отворен ден за матуранти и родители, каде ќе можеш одблиску да дознаеш како изгледа студирањето на Brainster Next College, но и да учествуваш на ексклузивна работилница со сертифициран кариерен советник.
Што ќе се случува на овој Отворен Ден?
1
Кариерна работилница
Заедно со сертифициранaта кариерна советничка М-р Ивана Дојчиновка Стојановиќ и Петар Ниновски ќе разговараме:
Како да ги препознаеш своите интереси, силни страни и таленти
Како да разбереш дали одредена професија е вистинска за тебе
Кои професии ќе бидат сè поважни во следните години
Како да размислуваш за факултет не само како диплома, туку како подготовка за реална кариера
Кои кои прашања треба да си ги поставиш пред да се запишеш
2
Презентација како изгледа студирање на Brainster Next College
Ова не е класична презентација за факултет. Ова е можност да видиш како изгледа современо и практично студирање:
Како се учи преку реални проекти
Како студентите работат со компании уште додека студираат
Како се гради портфолио пред дипломирање
Како изгледаат студиските програми
Како студентите учат AI и креираат свои решенија
Какви можности за пракса и вработување добиваат студентите
3
Разговор со тимот на Brainster Next College
Заедно со сертифициран кариерен советник и Петар Ниновски ќе разговараме:
Која насока е вистинска за тебе
Какви се условите за упис
Кои се можностите за стипендии, финансирање и плаќање
Што се случува по дипломирање
На Brainster Next College се грижиме за нашите студентите. Преку поддршка уште пред да се запишат, индивидуален пристап додека студираат и поддршка и вработување
по дипломирање.